(ВИДЕО+ФОТО) Хит: Џулија Робертс уште еднаш ќе ни покаже вистинско „Чудо“

Соочувајќи се со врсниците и професорите кои имаат различни реакции на неговото лице, десетгодишникот и неговата мајка конечно почнуваат да се прифаќаат самите себе
Темелено на бестселерот на New York Times, „Чудо“ е неверојатно инспиративна приказна за Аугуст Пулман, десетгодишно момче со тешко генетско пореметување поради кое има унакажано лице и глава. После 28. операции поради кои не можел, нормално, да оди на училиште, на десет години родителите сепак го запишуваат во петто одделение на основното училиште „Бичер“.
Оги во школо тргнува со многу стравови и дилеми и се плаши дека секојдневно ќе биде изложен на погледи, згрозување и коментари на своите школски пријатели.
На Оги петтото одделение му станува вистинско животно школо во кое учи како да се избори со се. Соочувајќи се со врсниците и професорите, кои сите по ред имаат различни реакции на неговото лице, ова десетгодишно дете конечно почнува да се прифаќа самиот себе.
И, додека неговото семејство, другарите во класот и пошироката заедница се борат со настојувањето да пронајдат емпатија и да го прифатат, неверојатното патување на Оги сите ќе ги обедини и докаже дека не можеш да се вклопиш кога си створен за да се истакнеш.
Номиниран за наградата Златен глобус за филмот „Соба“, Џејкоб Трембли ја презема единствената улога на Оги Пулман, чии операции го држат подалеку од училиштето – засега.Се’ што Оги отсекогаш сакал било да биде нормално дете, а сега одеднаш мора да се соочи со голема група деца кои не знаат како да се однесуваат кон него. Но, на крајот Оги и сите околу него се трансформирани со она што е најважно: пријателство, храброст, искреност и секојдневен избор да бидат љубезни кон сите кои ќе ги сретнат.


Филмот „Чудо“ собрал бројни реномирани имиња вклучувајќи ја добитничката на наградата Оскар,Џулија Робертс („Ерин Броковиќ“, „Убава жена“) во улогата на мајката на Оги, номинираниот за Оскар, Овен Вилсон („Хотел Гранд Будапест“, „Полноќ во Париз“) во улогата на таткото на Оги и младата глумица од балкански корени, Изабела Видовиќ како сестра на Оги.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …