(ВИДЕО) Драматична снимка: Застрелал крадец со дете во прегратка!

Еден од крадците го вперил пиштолот во полицаец, кој не бил на должност, но се снашол и со детето во прегратка од близина испукал неколку куршуми, а потоа детето го дал на сопругата
Мажот кој со детето во прегратка успеал да застрела двајца крадци станал херој во Бразил откако во аптеката во градот Бифарм во бразилската држава Сао Паоло се нашол среде вооружен грабеж.
Полицискиот поручник Рафаел Соуза, кој тогаш не бил на должност, во саботата попладне, со детето и сопругата купувал лекови во трговскиот центар Praça Castelo Branco кога во аптеката упаднале двајца вооружени крадци.
Еден од нив го вперил пуштолот кон Соуза но полицецот бргу се снашол и со детето во раце од близина испукал неколку куршуми, а потоа детето и го дал на сопругата која се криела меѓу полиците. Се’ снимила надзорна камера.


Храбриот татко подоцна на локалните медиуми им раскажал дека посегнал по пиштолот да се одбрани себе и детето.
Крадците, Џеферсон Алвес (24) и Итало Креато (22) се прогласени за мртви по доаѓањето на брзата помош, пренесува Independent.
Драматичната снимка, која на своте интернетски страници ја објавила локалната радио станица, многумина ја коментирале прозивајќи го Соуза за херој додека дел од коментаторите смета дека детето непотребно го изложил на опасност.
„Прво требаше да се погрижи за сигурноста на детето“ се некои од коментарите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …