(ВИДЕО+ФОТО) 12. години го држеле на ланци, а причината ќе ве расплаче: „Немав друг избор освен да го врзам и заклучам!“

“Додека мојот сопруг беше жив, тој се грижеше за нашиот син. Но, кога умре пред 12. години, јас не можев сама да го контролирам”

Странските медиуми објавиле шокантна снимка на која се гледа глувонем маж во ланци, а потврдено е дека мајка му го држела заклучен во куќата повеќе од 10. години.
Страшните снимки кои се појавиле во јавноста го прикажуваат глувонемиот Ванг Џичијанг (41), кој е врзан со ланци во камена куќа. Неговата 77.годишна мајка Јуе Ронг признала дека го држела врзан последните 12. години, за да го спречи да повреди други луѓе.
Ванг е роден глувонем и како мал бил испратен во училиште за деца со посебни потреби. Меѓутоа, почнал да развива психолошки проблеми, бидејќи го злоставувале другите деца. Потоа го пратиле дома, каде родителите го врзале.


Неговата мајка рекла дека состојбата со време му се влошила и почнал да напаѓа други луѓе низ селото Денгфенг, во провинцијата Хенан.
“Додека мојот сопруг беше жив, тој се грижеше за нашиот син. Но, кога умре пред 12. години, јас не можев сама да го контролирам”, рекла Ронг. Како што рекла, немала избор освен да го врзе и да го заклучи во камена куќа.


Неговата сестра, 50.годишната Ванг Шуфен, плачела секој пат кога ќе го посетела својот брат, кој животот го минувал како животно. Како што рекла, и се кршело срцето кога брат и ја молел да го ослободи.
Локалните власти му обезбедиле субвенции на семејството, но се надеваат и’ дека јавноста ќе помогне да се соберат доволно средства Ванг да се прати во психијатриска болница.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …