(ФОТО) Новак Ѓоковиќ купил цел спрат во луксузна белградска населба: Станот го платил 545.000 евра, а гради и’ базен!

И’ додека никако не успева да се врати на теренот и ги прекина соработките со тренерите (Штепанек и Агаси) , Новак Ѓоковиќ продолжува да инвестира во недвижнини.

По станот во кој живее во Монако, потоа купените во Њујорк и Мајами сега на ред дошол уште еден во родниот град.
Новак Ѓоковиќ купил „пентхаус“ во зграда на новоизградената населба „Вест 65“ на Нов Белград.
Поранешниот број 1 го „пазарил“ целиот последен спрат на таа паметна зграда, кој заземал 250. квадратни метри, од што 100. квадрати има тераса на која моментално се гради базен.


Станот е платен 545.000 евра.
Моментално е во фаза на реновирање за да ги задоволи потребите на семејството Ѓоковиќ, кога ќе престојува во него.

Станот се состоел од три соби, покрај големиот дневен престој, три бањи и два гардеробери, трпезарија и кујна.
Ѓоковиќ, исто така, купил и три гаражни места, а секое го платил по 14.240 евра.

Новак веќе имал еден стан во истата нселба, кој го отстапил на користење на колегата и пријател, Филип Крајиновиќ.
Погледнете како изгледа овој исклучителен стан во една од зградите во населбата „Вест 65“ во Белград, Србија.
Фото: WEST65.RS

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Илика“ слави прв роденден

Една година?! Навистина?! Нам времето ни мина бргу и како вчера да го славевме отворањето… …