Девојката забележала дека ѝ гори чантата, а пожарот настанал од загреано копче…
Британката Ева Бекчо уживала на одморот на Крит, каде се релаксирала покрај базенот, кога наеднаш почувствувала непријатна миризба. Имено, таа почувствувала мирис на чад, а кога се свртела да земе вода од нејзината чанта која лежела на подот, сфатила дека се запалила чантата.
Нејзиното видео на TikTok е прегледано повеќе од 1,6 милиони пати, а 21-годишната девојка тврди дека пожарот бил предизвикан од екстремната топлина што го загреала металното копче на чантата толку жешко што ја запалило ткаенината.
@evabacchoo AS IF 😩😩😩 #primark #primarkhaul #primarkbag #takeofffestival #malia #greece ♬ original sound – Eva Bacchoo
– Торбата ја купив во „Примарк“ во април, не се сеќавам точно колку чинеше, помеѓу 12. и 14. фунти. Ставив шише вода во чантата, но не ја ставив во сенка, туку на сонце. Кога се свртев бидејќи бев жедна, видов дека чантата гори – изјавила Ева.
Иако таа смета дека металното копче е причина за пожарот, многумина коментираат дека шишето со вода делувало како леќа и како лупа го предизвикало пожарот.
– Секоја палета на производи на ‘Примарк’ е независно тестирана за да се осигура дека се исполнети релевантните стандарди за безбедност и квалитет. Бевме изненадени кога слушнавме за ова и немавме други пријавени случаи, но ако клиентот ни ја врати торбата, со задоволство ќе го истражиме ова дополнително за да разбереме што можело да се случи – рекле од „Примарк“ каде што е купена торбата.
Фото: Принтскрин/TikRok