Решенија за загриженост: Обидете се со три начини да го промените текот на вашите мисли

Загриженоста не е толку ретка појава…
Во текот на животот се соочуваме со различни грижи, а со текот на времето сфаќаме дека многу од нив биле неосновани. Се грижиме за работи кои сè уште не се случиле, но и за работи од минатото – се грижиме за она што не може да се промени. Грижата носи чувство на немир, страв, ја загрозува животната радост и ве спречува да напредувате.

Решение за загриженоста
На секоја предизвикувачка ситуација гледајте како на можност за раст
Сфатете дека грижата нема да реши ништо, туку само ќе ги комплицира работите. Сетете се на некои стари проблеми – повеќето од нив сега изгледаат смешно, нели? Кога ќе се појави предизвик, наместо да се грижите, размислете – што можам да научам и применам од оваа ситуација.


Променете го протокот на негативни мисли во позитивни
Штом сфатите дека грижите ве „напаѓаат“ преку негативни мисли, затворете ги очите, вдишете длабоко, полека бројте си од 5 до еден, а потоа одеднаш замислете нешто убаво и позитивно. Кога ќе се фокусирате на добрите работи, ќе сфатите дека има многу повеќе во животот што е светло и вредно за вашето внимание.

Ограничете ја изложеноста на негативните влијанија
Внимавајте какви информации апсорбирате, избегнувајте негативни вести, токсични луѓе, енергетски вампири, негативни ставови… Ова може да донесе само фрустрација, грижа и нервоза. Опкружете се со позитивни луѓе, прочитајте неколку убави страници од книга, слушајте ја омилената музика, има толку многу прекрасни начини да ја разбудите позитивната страна во себе.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …