(ВИДЕО) Додека градоначалникот дава изјава поплавата урива куќа

Во Пепинстер, град во источна Белгија, десетина куќи се срушиле откако градот бил поплавен. Повеќе од илјада домови биле евакуирани.
Sky News објави снимка од разговор со градоначалникот на Пепинстер, кој бил прекинат кога една од куќите започнала да се урива поради поплавата. На видеото се гледа како станарите бегаат преку покривот.

Луѓето кои живеат во близина на реката Мазе во Лиеж, град со 200.000 жители, се повикани да се преселат во области кои не се изложени на поплавување, а поморскиот сообраќај е прекинат поради опасност од излевање на реката.
Обилните дождови, за кои експертите велат дека се без преседан, се проширија во Франција, Луксембург и Холандија, а делови од Швајцарија се во состојба на готовност.
Најмалку 120. лица загинаа во поплавите, а стотици други се уште се трага. Во Германија, каде што најмалку 100. луѓе го загубија животот, канцеларката Ангела Меркел повика на решителна борба против климатските промени.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …