Последните денови Германија беше погодена од невидени поплави предизвикани од обилни дождови. Фотографиите и видеата кои го обиколуваат светот покажуваат уништени куќи, поплавени патишта и за жал, однесени се повеќе од 100 животи, а за 1300 се смета дека се исчезнати. Во опасност се и службите за итни случаи, кои пристигнале на помош.
Видеото објавено во германските медиуми покажува дека поплавите претставуваат непредвидена опасност и за пожарникарите.
Имено, во градот Алтена пожарникарот го носел порој и се чинело дека нема спас за него, но спасувањето сепак пристигнало, скоро во последен момент.
Тој бил извлечен од буицата од група локални жители кои ги ризикувале своите животи, исто како што овој пожарникар го ризикувал својот.
Градот Алтена се наоѓа во државата Северна Рајна-Вестфалија, која беше сериозно погодена од поплавите.
Поплавите ги зафатија и Холандија, Луксембург и Белгија, каде во поплавите загинаа најмалку 14 лица.
ekran.mk/rtl.de