(ВИДЕО) ЧУДО ВО ЧИКАГО: Православна црква била пред затворање а потоа ИКОНАТА НА МАЈКАТА БОЖЈА ПУШТИЛА СОЛЗИ!

Иконата на Богородица во Православната црква во Чикаго почнала да солзи, и така на јавноста повторно и го свртела вниманието кон црквата што се затвора.
Атина Метропулос, која работи во Грчката православна црква на Света Троица во Белмонт Централ, за VLS-TV изјавила дека е шокирана што иконата на Богородица која го држи Исус има трага од течности кои доаѓаат од секое око рано во недела наутро. Отпрвин, тоа било некакво масло, но по подетална инспекција, сфатиле дека е вода.
Метропулос влегла во канцеларијата на отец Никола Јонас и му раскажал за „расплачената“ слика. Ја собра течноста со памучни топчиња и сликите ги објавила на Фејсбук. Од неделата, повеќе од 300 луѓе дошле во црквата за да го видат очигледното чудо.
„Има нешто што таа се обидува да ни го каже“, рекол Јонас за тв станицата, „па ние само ќе молчиме и ќе слушаме што има да каже“.


„Во православна црква е вообичаено да се забележат вакви појави“, додал тој. “Но, тоа лично да се чувствувае неодоливо. Кога се случуваат вакви работи, јас се чувствувам како мало дете кога за прв пат одам во фабриката за бонбони – и едноставно сте воодушевени”.
Основана во 1897 година, црквата Света Троица е втора најстара грчко-православна заедница во Соединетите држави. Но, веќе извесно време е во финансиска неволја – црквата била пред затворање но кога примиле анонимна донацијапродолжила да биде отворена. Сепак, останале долгови од 8. милиони долари и црковната заедница сметала дека ова може да биде последната недела кога ќе можат да присуствуваат на црквата.

Според VGN, стечајниот судија ја одобрил продажбата на црковната зграда за 2,5 милиони долари, иако некои парохјани се надевале дека солзите на Дева биле знак дека уште едно чудо ќе ги спаси од продажбата.
„Попрво би рекол дека Богородица зборува со нас“, изјави отец Јонас за телевизијата во Чикаго. „Само ќе и дозволам да го заврши разговорот. Па, да видиме што ќе се случи“.
Тој негира дека солзите биле измама и креирани да го свртат вниманието кон состојбата на црквата. „Циниците ќе го кажат тоа“, рекол тој за Трибјун. “Мојот одговор е: Гледајте. Ниту цевки закачени за иконата.”


Екран.мк/Newsweek.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …