(ВИДЕО) БРУТАЛНАТА ОСВЕТА НА ИЗМАМЕНА ДЕВОЈКА ГО ПОДЕЛИЛА ИНТЕРНЕТ: „Бившиот ова ќе го искористи како доказ на суд, ова е вандализам!“

Некои ја пофалиле Ешли што му се одмаздила на поранешното момче, додека други и рекле дека може да биде уапсена за тоа што го направила…
Познатата инфлуенсерка Ешли ВанПевенаџ му се одмаздила на своето поранешно момче за прељуба така што со помош на чекан на ѕидот од неговата куќа ги напишала буквите ‘F U’ (e*и се). Под тоа со спреј таа додала натпис: „Те сака твојата поранешна девојка“.
На видеото таа тврди дека го фатила во измама и дека решила да му се одмазди. На крајот, таа гордо застанала покрај своето „ремек-дело“ и испрати бакнеж до камерата.
Видеото на ТикТок е прегледано повеќе од 10. милиони пати, а огорчениот потег на инфлуенсерката ги поделил нејзините следбеници. Некои сметаат дека нејзиниот чин е оправдан, додека други мислат дека сепак претерала.

@ashley.vanpevenageNot on me ✌🏻 ##fyp ##foryou ##comedy ##payback ##cheating


♬ Before He Cheats – Carrie Underwood


„Така е, девојко! Направи го тоа повторно! Тој го заслужил тоа“,„И јас би го сторила ова“,„Таа не стори ништо лошо, таа само малку го смени неговиот ентериер“, коментирале на ТикТок.
Некои од нив ја предупредиле дека може да одговара кривично за материјалната штета што му ја нанела на нејзиното поранешно момче.
„Не знам зошто некој би го поддржал ова, преболи го. Направи злосторство и изгледаш слабо“, е само еден од коментарите.
„Твојот поранешен ќе го искористи ова на суд“, „Ова е неовластен пристап и вандализам“, „Зошто девојките ја поддржуваат?“ Ова е кривично дело“,„Тој може да те тужи, тој има доказ“, и рекле другите.
Ова не е прв пат Ешли јавно да му се одмазди на своето поранешно момче за изневерување. Имено, таа минатата недела објавила видео на кое се гледа како го покрива неговиот автомобил со тоалетна хартија и проѕирна фолија.

@ashley.vanpevenageJust wait. The best is yet to come 😈 ##fyp ##foryou ##foryoupage ##foryourpage ##cheater ##relationship ##boybye ##bye ##payback ##comedy ##iwin ##youlose


♬ itty bitty piggy – arii

Фото: Принтскрин/ТикТок

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Воскресение Христово – Велигден

Воскресение Христово Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат …