Поради можно откажување на екранот Тесла повлекува 135.000 автомобили

Конкретниот проблем е поврзан со флеш мемориски чип „eMMC NAND“ од 8ГБ кој може да откаже кога ќе го достигне максималниот капацитет на складирање.
Повлекувањето опфаќа точно 134.891 примерок од „Modela S“ и „Modela X“.
Станува збор за возила направени во фабриката во Фримонт во Калифорнија, а проблемот е во чипот чиј дефект може да доведе до целосно откажување на големиот екран на допир сместен во централната конзола на возилото, стои во извештајот на американската Национална управа за безбедност во сообраќајот.
Меѓутоа, проблемот е многу покомплициран од самото престанување на работата на екранот од мултимедијалниот систем, затоа што дефект на екранот на Тесла значи дека возачите нема да можат да ги користат камерите или клима уредот, а исто така нема добро да функционираат и напредните функции за асистенција при возење.

Конкретниот проблем е поврзан со флеш мемориски чип „eMMC NAND“ од 8ГБ кој може да откаже кога ќе го достигне максималниот капацитет на складирање.



Националната управа за безбедност во сообраќајот проценува дека животниот век на овој чип е 5 до 6 години, што за компонента која нуди интегрирани безбедносни функции е недоволно.
Возилата на кои се однесува повлекувањето се примероци на „Modela X“ направени 2016-2018 како и автомобилите „Model S“ направени 2012-2018.
Компанијата Тесла соопшти дека не е запознаена со било какви повреди или инциденти во врска со овој проблем и дека компонентите ќе ги замени со нови чиј животен век е подолг.
На секој кој компонентата ја замени на свој трошок ќе му биде надоместена штетата.
Сопствениците на Тесла можат на веб страната на Националната управа за безбедност во сообраќајот да проверат дали нивниот авомобил е вклучен во повлекувањето, пренесе „Caranddriver“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …