(ВИДЕО) Британски министер хит на интернет: Плачел поради вакцинирањето!

Гледачите на емисијата „Добро утро Британијо“ биле воодушевени додека ја гледале оваа програма утрово, а гостинот, министерот за здравство Мет Хенкок, го гледале како плаче додека зборувал за вакцинацијата против коронавирусот, што започна денес во оваа земја.
„Уверени сме дека следната серија на вакцини против коронавирусот на Фајзер ќе бидат доставени следната недела, во неколку милиони дози“, рекол министерот за здравство Мет Хенкок, откако првиот човек во Велика Британија беше вакциниран денес.
Тој истакнал дека програмата за вакцинација започнала во 70 болници низ Велика Британија.
Додека зборувал за првата вакцинација против коронавирус утрово во Велика Британија, министерот Ханкок реагираше прилично емотивно, па дури и пролеал солзи.


Почна да липа откако 90-годишна баба од Ковентри и пензионер од Ворвикшир по име Вилијам Шекспир станаа првите луѓе во светот што добиле одобрена вакцина за коронавирус, додека земјата направи голем чекор кон ставање крај на т.н. Ден В“(ден на вакцинација).

Сепак, гледачите го оценија неговото однесување како „срамна претстава“ и го обвиниле дека лажно плачел со „крокодилски солзи“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …