(ВИДЕО) Богаташ потрошил 11. милиони долари за свадбата на ќерката: Но со неговата хумана прослава го воодушевила светот – Вдомил 90. семејства!

За потегот на еден бизнисмен се зборува и ден денес, а верувале или не, кој и да го спомне има само зборови на пофалби. Овој богаташ својата ќерка ја омажил минатата година, но начинот на кој го прославил тоа привлекол доста внимание бидејќи бил невообичаен.
Индискиот богаташ Ајај Мунот, инаку трговец со облека и пченица,за венчавката на својата миленичка потрошил неверојатни 11. милиони долари.
Свадбената церемонија била врв на раскош, што и се очекувало, но сепак сите тие пари не биле потрошени само на прославата.
Мунот во согласност со ќерката и зетот изградил 90 куќи за бездомници. Секако, младенците не останале кусо за свадбен подарок, бидејќи и тие добиле нов дом.
Индискиот бизнисмен одлучил дека во моментот кога неговото семејство слави и ужива во богатството, ред е среќа да почувствуваат и оние кои ја немаат. Со изградба на 90. куќи за семејства без дом, што и го докажал, неговиот гест секако дека ја заслужува секоја пофалба.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …