(ВИДЕО) БЕЛИТЕ ДРОБОВИ И КОЛАБИРАЛЕ – Навалицата кон електронските цигари станува се’ поголема: Студентка го привлекла внимание со застрашувачко искуство

Електронските цигари можат да се видат речиси на секој агол. Примамливите мириси, и зборовите на производителите кои се колнат дека не му штетат на здравјето, беа доволни да ја придобијат денешната младина. Сепак, не треба да се занемари дека тие имаат и лоши страни, на кои една студентка сега решила да обрне внимание.
Грејс Јохана неодамна се соочила со здравствени потешкотии во врска со нејзините бели дробови, а по низа непријатности, таа одлучила да ги предупреди луѓето „да ги почитуваат своите бели дробови и да се откажат од испарувањето“.
Грејс завршила во болница поради колабирано белодробно крило, на кое, како што истакнала, „не му помогнало“ ниту пушењето на овие електрични цигари.
На нејзиниот TikTok, таа објави видео кое ги „потресе“ сегашните 2. милиони прегледи, каде го сподели своето застрашувачко искуство во болницата и мачната болка што ја почувствувала.

@gracejohanna I got to see how sensitive our lungs are at such a young age. It happened bc of my stature, but please respect your lungs #collapsedlung #spontaneouspneumothorax #stopvaping #vaping ♬ original sound – gracejohanna


„Само што се вратив од 4 и пол дена во болница. Така, моите бели дробови целосно колабираа од тука па надолу“, објаснила Грејс.
Таа истакнала дека една недела претходно била во болница кога првпат колабирала, но потоа се повторило и почнала да „кашла крв“ и ѝ бил дијагностициран „спонтан пневмоторакс“.
„Ова искуство целосно го промени начинот на кој гледам на светот и на болката“, истакнала таа, а потоа продолжила: „Лекарите ги погледнаа сликите и рекоа дека морам да направам итна операција. Бев преплашена“, рекла таа, а потоа опишала како изгледала операцијата.
Меѓу другото, таа открила дека и е отсечено „мало парче“ од белите дробови, но и дека операцијата значела дека дел од ребрата и биле „исчистени“ по што тие биле страшно болни и воспалени.
Кога се разбудила, Грејс била во „една од најстрашните болки“ кои изгледале како никогаш да нема да завршат, па морала да носи цевка во белите дробови во следните три дена.
„Знам какво е чувството да се биде измачувана“, рекла таа, додавајќи дека нејзината дијагноза има многу врска со тоа што е „висока и слаба“, но дека пушењето исто така придонело: „Никогаш повеќе нема да запалам. Никогаш во мојот живот. Ќе го почитувам своето тело“, заклучила Грејс.
Во коментарите се јавија многу корисници кои беа доволно исплашени од искуството на Грејс да се запрашаат дали сакаат да продолжат да користат цигари.
„Толку многу луѓе мислат дека ова никогаш нема да им се случи“, напишал еден корисник, додека друг додал: „По ова видео никогаш повеќе нема да ги пушам тие цигари“.
„Ве молам, продолжете да ја споделувате вашата приказна бидејќи ‘епидемијата на вап’ меѓу младите е надвор од контрола“, и порачал еден корисник на Грејс.
Инаку, има многу докази за тоа колку и на кој начин се штетни цигарите, а кога се работи за електронските, треба да знаете дека покрај богатата палета на чад како и примамливите вкусови кои често нè привлекуваат, нивната употреба може да претставува опасност за нашето здравје.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …