(ВИДЕО) Анѓелина Џоли се вљубила во помлад колега!

Се чини дека Анѓелина Џоли (42) и Крис Хемсворт (34) не седеле, случајно еден до друг на недамнешното доделување на Златните глобуси…
Година и пол после разводот од Бред Пит, познатата глумица, наводно, „фрлила око“ на помлад колега. Наводно, глумицата, го моли својот тим, ако е тоа возможно, да и најде улога во некој филм со него.
„Се восхитува на неговата работа и мисли дека е фантастичен глумец, па во иднина, би сакала со него да се најде на филмското платно. Сите забележале дека „процветува“ кога ќе се најде во негово друштво“ вели извор за веб магазинот Radar Onlajn.
И’ покрај тоа што одлучила извесно време да се одмори од камерите, Анѓелина Џоли, се подготвува за враќање во актерските води. И’ додека многумина сметаат дека тие двајца на филм би биле совршен пар, во стварноста не ги гледаат заедно.
Инаку,Крис Хемсфорт од 2010. година е во среќен брак со Елса Патаки, со која има три деца.
Откако се разишла од Бред, Анѓелина ја поврзувале со богат британски бизнисмен и камбоџански режисер.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …