(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Концерт за годишнина: Џенифер Лопез облече 8. секси комбинации на концерт пред „Супер Боул“

Џенифер Лопез пееше хит по хит, ја одбележа годишнината со Алекс Родригез, премиерно изведе нова песна, му оддаде почит на Принц и промени ОСУМ костими за време на концерт во Минеаполис.
Додека ги пееше своите хитови меѓу кои „Waiting for Tonight“, „Jenny from the Block“, „On The Floor“ и „I’m Real“, 48.годишната ѕвезда промени неколку аутфити – од комбинезон со леопард принт и спортски дрес, до провокативен костим во кабаре стил.
Концертот беше на првата годишнина на Лопез и Алекс Родригез, па таа не пропушти да го одбележи тоа.
„Заедно сме една година. Не сакам да бидам сентиментална, но бејби, оваа песна е за тебе. Те сакам“ – рекла Џеј Ло пред расположената публика.
Во сите комбинации изгледаше бомбастично и го истакна своето совршено тело на кое се му прилега одлично.
Погледнете:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …