(ВИДЕО) 4. МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ – Огромна змија завиткана околу муцката на кучето, видеото од спасувањето е хит на интернет!

Кучињата по природа се истражувачи, па не е невообичаено да се вратат од прошетка со некој „плен“ што сакаат да им го покажат на сопствениците.
Најчесто се работи за коски или некаков отпад, но сопственичката на кучето од Сан Диего останала шокирана кога видела со што се појавил нејзиниот миленик.
Имено, огромна змија се обвиткала околу муцката на нејзиното куче. Сопственичката го повикал експертот Брус Ајрланд за помош и приказната завршила среќно.

@sdsnakeadventures2 My calls are always interesting and this one was a classic. Dog and snake were both fine. #dog #pet #snake #snakes #service #funny #puppy #tiktok #tiktokusa #california #sandiego #fyp #fypシ #fear #2022 #viral #watch ♬ original sound – RBI Snake Wrangler


Брус, кој случајно е ловец на змии, објавил видео на TikTok од спасувањето на кучето, кое стана хит на Интернет.
На видеото се гледа како кучето збунето се приближува со змија обвиткана околу муцката.
„О, душо, имаш мал проблем“, му вели Ајрланд и ја отстранува змијата и ја става во кофата.
Ајрланд објаснил дека е среќа што змијата не била отровна.
„Моите повици се секогаш интересни. И кучето и змијата се добро”, напишал Ајрланд под клипот кој има речиси 4. милиони прегледи.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …