(ВИДЕО) 23. години не била на фризер, нејзината коса изгледа совршено, а еве како ја одржува

„Користам чешел за расчешлување и тоа го правам многу нежно за да не ја искинам. Понекогаш е малку напорно, но вреди да се вложи напор поради целата радост што ми ја дава долгата коса”, вели таа.
„Имав прекрасна коса од раното детство, па престанаа да ми ја шишаат од петгодишна возраст. Не продолжив да ја пуштам поради некоја посебна причина. Едноставно имав чувство дека така мора да биде”, вели Анѓелика Баранова (28). Медицинска сестра и модел за коса од Иркутск, Русија, која ја пушта косата 23. години.
Нејзината коса е речиси долга до подот, таа нема посебни третмани за неа. Вообичаено ја мие најмалку два пати неделно, нанесува регенератор и остава природно да се исуши. Таа признава дека знае колку е тешко да се мие и исуши, но вреди да се вложи напор.

@angelika_1mУра сегодня стрижка😛#вдохновение


♬ STAY – The Kid LAROI & Justin Bieber


„Се’ е многу едноставно, минимална грижа. Ја мијам косата двапати неделно и нанесувам регенератор за полесно чешлање, потоа ја сушам природно и ја чешлам многу внимателно. Користам чешел и го правам тоа многу нежно за да не ја искинам. Понекогаш е малку тешко, но вреди да се вложиш поради целата радост што ми ја дава долгата коса “, рекла таа.
„И моите најблиски велат дека мојата коса изгледа прекрасно“, додала таа гордо.

@angelika_1mнадо ещё отрастить? 👌 ##longhairchallenge


♬ оригинальный звук – Tamerlanti

Фото: Принтскрин/ТикТок

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …