Статистиката потврдила: Ковидот ги намали интимните односи кај луѓето

Според официјалната статистика на националната агенција, која ја истражува зачестеноста на интимните односи меѓу партнерите и начинот на живот, утврдено е дека во период од една година, поточно од 2020. до 2021. година, во дури 78 проценти од случаите, сексуалниот живот бил целосно изменет – на полошо.
Кога станува збор за парови, особено оние кои живеат одделно, забележани се уште повеќе проблеми, особено за време на изолација.
Зголемената сексуална активност во земјите главно се следи врз основа на стапката на „сексуално преносливи инфекции“. Лондонскиот центар за тропски и заразни болести наведува дека има забележителен пад на заразните болести, а со тоа и пад на интимните односи.
Д -р Елеонор Драгер, научник за сексуално здравје, вели дека се очекува да се намали интересот за интимни односи, особено кај оние кои имале тешки симптоми на ковид-19.
„Се разбира, тие се уште можат да имаат интимни врски, но честопати поради потрајните симптоми на ковид, оваа форма на активност е одложена“, објаснува Еленор Драгер.


Физичка дистанца како форма на атрофија на интимноста
„Тоа не значи дека луѓето се плашат од ковид, но поради физичката дистанца што траеше долго, тие заборавија како да бидат блиски. Во меѓувреме загубивме многу социјални и интимни вештини. Ќе се вратат, но ќе биде потребно време“, рекол Вил Натланд од Центарот за тропски и заразни болести.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …