(ВИДЕО) 22. ГОДИНИ БИЛА СО САЕНТОЛОЗИТЕ: Сем Доминго (51) открива каква свирепа судбина тие сакаат за Никол Кидман – бившата жена на Том Круз и главен промотор на саентологијата!

После 22. години, снаата на славниот оперски пејач Пласида Доминга, Семи Доминго (51) ја оставила саентологијата и одлучила да раскаже многу детали поврзани со познати личности кои биле или продолжуваат да бидат поддржувачи на саентологијата.

Според неа, на овој чекор се одлучила откако усвоената ќерка на Том Круз, Изабела, станала заговорничка на саинтологијата во јавноста.
Досега Сем молчела на оваа тема поради блиските односи со Том и неговата сестра Кес, но одлучила да проговори за сè кога сфатила дека Том и неговата сестра почнале да ја користат Изабел, поради која и било жал.


Таа вели дека животот на Изабела и нејзиниот брат Конора драматично се промениле откако Том Круз и Никол Кидман се развеле во 2011. година.
“Тие ја користат Изабел за односи со јавноста, бидејќи таа е ќерка на Том Круз“. Не е фер тоа што им го прават неа и на Конор.Тие немаат друг избор освен да ја промовираат саентологијата”, изјавила Сем за Daily Mail.


По разводот, децата биле охрабрувани да се оддалечат од неивната мајка, Никол Кидман (52), бидејќи таа била несакана личност, врз основа на приказна што им била кажана на децата од Том и од страна на саентолозите.


“Тие немаа избор, беа индоктринирани во сантологијата и беа изолирани од сè”, вели таа. “Не можете да бидете против саинтологијата ако сте дел од семејството на Том инаку тој ќе се откаже од вас,па погледнете што се случува со неговата ќерка Сури”, рекла Сем и открила што мислат саентолозите за Никол Кидман:

“За жал, Никол не може биде спасена во овој живот. Но, за среќа, таа еден ден ќе умре и тогаш ќе можеме да ја спасиме во следниот живот. Таков е ставот на Саентолошката црква“, заклучила Сем Доминго.

Екран.мк/Daily mail
Фото и видео: Daily mail

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …