(ФОТО) ЧУДО НА ПРИРОДАТА: 7. неверојатни факти за морето на смртта!

Мртво море, Море на смртта и Лотово море се називите за соленото езеро помеѓу Јордан и Израел чие ниво на соленост изнесува дури 33 отсто.
Се наоѓа на Блискиот исток помеѓу Јордан и Израел и длабоко е околу 400. метри.
Температурата на водата во Мртвото море не се зголемува бидејќи околу него владее пустинска клима со температура од 40. степени во летните месеци која доведува до големо испарување, додека од друга страна, дождовите се многу ретки на овие простори.



Соленоста во Мртвото море изнесува околу 33. отсто. Средоземното море има само 3 отсто соленост.
Ќе ве изненади фактот дека Мртвото море сепак не е најсоленото езеро во светот. Од него посолено е Асалско езеро во источна Африка со дури 35. отсто сол и Дон Жуан Понд кое има соленост од 40. отсто.
Поради високиот процент на сол, во оваа вода можат да преживеат само ретки микроорганизми како анаеробни бактерии.
Солта и минералите од оваа вода се многу лековити па од таа причина често го посетуваат лица кои страдаат од псоријаза и други кожни болести.

 



Водата е толку густа што онезвозможува пливање, а никој не може ниту да потоне, но тоа и понатаму не значи дека ова место е потполно безбедно.
Службата за спасување редовно ги предупредува туристите да не ја пијат водата од езерото бидејќи поголеми количества можат да ја пореметат рамнотежата на електролитите во телото што може да доведе до престанување на работата на некои органи.



Исто така е забрането нуркањето и скокањето во вода за да се одбегне контактот на солта со очите.
Уште старите Еѓипјани ја користеле лековитата кал од Мртво море за балзамирање на мумиите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …