Вечерва во Драмскиот театар игра претставата „Кафез кај кокони“

Вечерва во Драмскиот театар во Скопје со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете претставата „Кафез кај кокони“.

Автор: Жан Пуаре
Режија: Димче Николовски
Костимограф: Раде Василев и Елена Вангеловска
Сценограф: Димче Николовски, Благоја Бошковски Буцко
Кореограф: Кренаре Невзати – Кери
Превод: Радмила Јорданова, Благоја Бошковски Буцко
Адаптација: Александра Бошковска, Благоја Бошковски Буцко
Избор на музика: Александра Бошковска, Благоја Бошковски Буцко


Улоги:

Жорж – Филип Трајковиќ
Албен – Александар Степанулески
Жакоб – Стефан Вујисиќ
Табаро – Предраг Павловски
Мерцедес – Димитрија Доксевски
Зорба – Маја Вељковиќ Пановска
Лоран – Дамјан Цветановски
Камиј – Соња Стамболџиоска
Едуар – Златко Митрески
Мјуриел – Нела Павловска
Симон – Емилија Мицевска
Саломе – Бранко Атанасов


Инспициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Жаклина Цветковска

Француската фарса „Кафез кај кокони“ (“La cage aux folles”) ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз. Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2000 репризи. Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни теми дотогаш неприкажани на толку експлицитен и дрзок начин, текстот со хумор и леснотија задира во многу комплицирани теми: потребата за општествено прифаќање, сексуална слобода, избор во љубовта и потребата да се задржи личниот интегритет. Сместена во Сен Тропе, во веселите седумдесети, претставата „Кафез кај кокони“ покажува дека педесет години потоа, овие прашања се се’ уште отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …