Книжевен кружок во Илика

Денес, со почеток во 17:00 часот во книжарницата „Илика“, ќе се одржи средба на книжевниот кружок Овојпат сакаме со вас да зборуваме за нашето најново издание Девојчински спомени од Ани Ерно.

Ова е првиот превод на македонски јазик на француската писателка и добитничка на Нобеловата награда за литература Ани Ерно. Романот претставува уште едно навраќање на авторката кон лавиринтите на своето минато, овојпат педесет години наназад, во летото 1958 г., кога имала само осумнаесет години. Во центарот на оваа книга се наоѓа еден трауматичен настан, чие значење авторката се обидува да го открие многу години подоцна. Но, за да ја сфати таа девојка, која на некој начин е поврзана со сегашната Ани Ерно (онаа што пишува), потребно е многу повеќе од личните сеќавања и зачуваните дневници и писма – потребна е историјата. Доколку сакате да си ја набавите книгата достапна е во нашата книжарница или да си ја нарачате во порака.


Едвај чекаме да ги чуеме вашите впечатоци, се вели во објавата од организаторот, издавачката куќа Илика.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …