Отварање на Бејкер Стрит Кафе & Книжарница

Играта започнува оваа сабота на 30 март, 2024 од 11 до 16 часот! Отварање на Бејкер Стрит Кафе & Книжарница!

Ве покануваме сите да не посетите и да ја збогатите нашата веселба со која ќе го одбележиме остварувањето на нашиот долгогодишен сон – Кафе & Книжарница за сите љубители на криминалистичката фикција.


Да го направиме 30 март ден кога ќе го прославуваме убавиот пишан збор.На тој ден, секако нема да ги заборавиме и нашите најмали, бидејќи љубовта кон книгата се развива уште од најмала возраст. Донесете ги со вас и вашите дечиња и внучиња да ја почуствуваат магијата на приказните која потоа ќе ги следи низ целиот живот. Ајде сите на 30 март да направиме една убава приказна за паметење!, се вели во објавата од организаторите.

Настанот е од отворен тип.


 

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …