Концерт на Северина во арената Борис Трајковски во Скопје

Една од најпопуларните хрватски и регионални музички ѕвезди, а според многумина и неприкосновена модна икона – Северина, доаѓа повторно во Скопје и тоа со многу добра причина, а тоа е големиот концерт кој е закажан на 30-ти март, следната година.

Таа е најголемата регионална ѕвезда, кралица на сцената која со нејзините настапи веќе долги години ги поместува границите и ги диктира трендовите. Секој нејзин чекор бурно се следи, а изминатиот период е во центарот на вниманието, откако на публиката и го претстави својот нов албум под наслов „Sorry“.


Ова всушност е првиот дел од албумот, наречен “Страна А“, а вториот дел од албумот, односно “Страна Б“, ќе биде објавен оваа есен/зима, каде што ќе започне и нејзината турнеја. Oва е нејзина петта регионална турнеја во кариерата, што ја прави една од ретките која може да се пофали со таков успех.

Ништо не е случајно и сѐ се случува тогаш кога треба. Хрватската пејачка активно го подготвува својот голем концерт кој ќе биде во „Арена Борис Трајковски“ на 30-ти март, 2024-та. Во тек се и подготовките на сценскиот настап, а за истото се ангажирани голем број на луѓе. Публиката ќе биде пријатно изненадена затоа што такво шоу досега никој нема видено. – велат организаторите.


Влезниците можете да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …