Вакцините против корона имаат несакани ефекти: Пациент се пожалил на неподнослива треска со денови

Едно од првите лица кои што биле тестирани со новата вакцина за корона вирус е романсиер и поранеше детскт ТВ презентер, Симион Корт ги пренел своите впечатоци за некои од несаканите ефекти.
Гостувајќи во утринската програма „Добро утро Британијо“ во Велика Британија, тој објаснил зошто доброволно се согласил на тестирањето, кое започнало вчера во Оксфорд, и открил некои од потенцијалните несакани ефекти, пренесува Мирор онлајн.
„Несаканите ефекти на вакцината вклучуваат симптоми слични на грип и болки во мускулите и, во најлош случај, неподнослива треска од неколку дена“, открил Симион.
Тој објаснил дека тој бил еден од 500 луѓе кои помагале при испитувањето во Оксфордшир и се нарекол себеси „само многу мал дел од оваа работа“.


„Ние сме дел од овој процес на утврдување дали вакцината е безбедна, а после овој тест ќе следи друг за ефикасноста во заедницата за да се види дали тоа делува на илјадници луѓе“.
Инаку, во рамките на сиспитувањето има две групи, едната прима нова вакцина против корона вирусот, а другата прима вакцина против менингитис, а на учесниците во студијата не им е кажано во која група се наоѓаат, бидејќи и двете вакцини предизвикуваат слични несакани ефекти.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …