Уживајте во топлите денови: Следната недела подготовки за вистинска зима!

Ретко кога за Митровден (8. ноември) немало магла или снег, но оваа година ќе биде сосема поинаку…Ќе уживаме во топлите денови, но само до…

Кон крајот на идната недела,веќе можете да почнете да се подготвувате за вистинска зима.
Во овие температури кои повеќе личат на рана пролет отколку на доцна есен, ќе уживаме уште десетина дена. Целата наредна недела ќе биде како оваа која полека изминува.
Температурите ќе се движат околу 20. степени а утринските нема да се спуштат под 5.
Веќе во третата седмица од ноември ќе почне заладувањето. Викендот на 10. и 11. ноември ќе биде пресвртот кога за само еден ден температурите ќе паднат за десетина степени.
Од тогаш, живата на термометарот ќе покажува се’ пониски износи, а тие во утринските часови редовно ќе бидат во минус.


Па така викендот на 17. и 18. ноември температурите нема да се качат над 7. степени а исклучително студено ќе биде наутро кога температурите ќе одат и до минус 3. во Скопје и минус 7. низ републиката.
Во втората половина не чека многу влага но и исклучително ниски температури.
Во Скопје дневните ретко кога ќе одат над 5. степени на наутро ќе има и минус 5.
Низ Македонија веќе се најавуваат температури длабоко под нулата кои на некои места ќе достигнат и минус 10.
Во овој период на ноември ќе се создадат услови и за првите врнежи од снег, но тие не се очекуваат на пониските места и во котлините или пак доколку сепак има провејување, снегот нема да се задржи на почвата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …