УЖАС ВО БИХ – ПОЛИЦИЈА РАЗОТКРИЛА РОДИТЕЛИ ОД ПЕКОЛОТ: Мајката со години гледала како таткото си ја силува ќерката!

Уапсени се 40. годишниот Д.М и 34. годишната Д.М.
Девојчето било злоставувано три години 
Припадници на полициската станица Вогошча завчера го уапсиле Д.М. (40) под сомнение дека сторил кривично дело, интимен однос со дете, дознава Аваз. Извор близок до истрагата открил дека ја силувал својата родена ќерка!
Инспекторите во шок
Истиот извор ни кажа дека похотливиот татко се сомничи дека хоророт започнал пред три години. Како што се дознава, хоророт низ кој поминувало девојчето веројатно немало да биде откриено, да не собрала сили да се справи со тоа и да се обрати на педагог во училиштето во кое учела. Девојчето се „распаднало“ и детално ги опишала гадните сцени низ кои поминувала со години.
Вознемирениот педагог веднаш ја алармирал полицијата во Вогошча, а се вклучиле припадниците на Одделот за крвни и сексуални злоупотреби во кантонот на МУП во Сараево. Дури и најискусните истражители останале во шок кога сфатиле дека во се е вклучена и мајката на девојчето, 34-годишниата Д.М.
Според информациите, мајката знаела и гледала што прави нејзиниот сопруг, но никогаш не контактирала со полицијата или не направила ништо за да му стави крај на ужасот. Покрај тоа, таа ги прикривала злоделата на таткото од пеколот! Така, на крајот била уапсена и нејзината мајка. Засега таа е осомничена за кривично дело помагање на сторителот на овој грозоморен чин.
Гинеколошки преглед
Изворот рекол дека девојчето било упатено на гинеколошки преглед, што е стандардна процедура во вакви случаи, за да се утврди дали се работи за сексуален напад.
Центарот за социјална работа се вклучил во целата приказна, која ги потресла и самите полицајци.
Задржани 24. часа во притвор
Откако биле уапсени и сослушани од полицијата во Вогошча, таткото и мајката синоќа биле пренесени во Одделот за задржување во во Сараево, каде биле задржани 24 часа. За случајот бил брифиран и кантонскиот обвинител на должност во Сараево.
Неофицијално, девојчето било сместено во Безбедната куќа сè до понатамошно известување.

Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …