Убави вести за три знаци кои до крајот на пролетта ќе ги вратат бившите љубови!

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…

Според ѕвездите, за некои знаци од зодијакот, останатиот дел од пролетта ќе биде многу бурен на љубовен план. Никогаш не е едноставно да се донесе таа одлука, старата љубов да ја избришеме од нашите животи, но некои хороскопски знаци ќе мораат во наредниот период да “пресечат“.


Лав
Лавовите ќе можат да избираат оваа пролет и лето – на нивната врата ќе тропнат неколку добри прилики… Дами, вие едноставно ќе бидете магнети за момчиња! Затоа ниту поранешните партнери нема да останат имуни на вас. Меѓутоа, двапати размислете пред да дадете втора шанса на некој – ѕвездите ве советуваат сè убаво да анализирате. Можеби дури и подобро е да запловите во нешто непознато и неиспробано!

Терезија
Доколку сте слободни и не сте во долга и стабилна врска, тогаш сигурно очекувајте враќање на некоја стара и речиси заборавена љубов во животот. Со оглед на тоа што ви недостасува љубов, можно е повторно да се обидете, па дури и ако не сте екстремно загреани за таа личност. Пред крајот на летото Вагите ќе имаат добри аспекти на емотивен план, па сигурно е дека вашата одлука ќе биде добра.


Стрелец
Позади вас имате неколку стресни месеци на полето на љубовта, но конечно дојде време за нешто поубаво! На почетокот на јуни ве очекува изненадување од личност која некогаш во минатото ве повредила во љубовта. Со извинувањето, секогаш се бара и втора шанса, но никому не му простувајте доколку не се потруди за тоа. Старата љубов има шанси повторно да заблеска, но доколку и двете страни се подготвени за компромис. Летото секако дека е одличен период за Стрелците и судена ви е голема љубов – дали стара или пак нова, одлучете сами.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …