(ФОТО) Срамен потег на холивудскиот глумец: Избрал да не ја гледа ќерката – иако може!

Се чини дека саентологијата би можела да игра улога и во односот на Том Круз со ќерката Сури, наведува еден извор.
Луѓето со години биле фасцинирани со односот помеѓу Том Круз и Кејти Холмс. За жал, како што сите знаат, нивниот однос званично пропаднал во 2012. година кога актерската двојка се разминала после шест години брак и раѓањето на ќерката Сури.
Многумина веруваат дека саентологијата (религијата на Том Круз) имала една од главните улоги во распаѓањето на бракот, но ниту една страна не говорела отворено за тоа. Но, се чини дека саентологијата би можела да има улога и во лошиот однос на Том со ќерката Сури. Еден извор за магазинот Us Weekly рекол дека глумецот има право на посети и дека својата 13. годишна ќерка може да ја гледа и 10. дена месечно, но дека тој не го сака тоа.


Us Weekly исто така нагласил дека Том и Сури не се фотографирани заедно од 2013. година.
„На секое лице му е дозволено да си го гледа своето дете ако тоа го сака“, навел изворот. „Но, тој не го прави тоа бидејќи неговата ќерка не и припаѓа на саентолошката црква“, заклучил изворот.



Саентолошкиот критичар и бивш главен уредник на магазинот „The Village Voice“, Тони Ортега, за магазинот посебно истакнал дека Кејти веројатно потпшишала некаков договор за необјавување во кое вели дека нема да каже ништо лошо за саентологијата“, за да го задржи старателството над Сури.
„Сакаше да избега и да добие старателство над Сури“, објаснил тој. Исто така имал теорија дека на Кејти и е најверојатно споменато да не се здружува со бившата пријателка Лиеа Римини, која некогаш била саентолог и која е денес еден од најгласните критичари на таа црква и идеологија.


Ако овој извештај е точен, многу е тажно што Сури повеќе нема нормален однос со својот татко. Но, спроед се судејќи, таа ужива во среќниот живот со мајка и.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на „Совршени денови“ – Филмот на Вим Вендерс номиниран за Оскар за најдобар меѓународен филм 2024 вечерва во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 19:00 часот, ќе биде прикажан играниот филм …