ТРИ причини поради кои не би смееле да си легнувате со мокра коса

Таквата активност не е ниту малку безопасна, а ние денес ви откриваме 3 добри причини зошто тоа не би смееле да го правите
Колку пати ви се случило да одите на спиење со мокра коса? Веруваме дека одговорот е барем еднаш во животот. Но, таквата активност не е ниту малку безопасна, а ние денес ви откриваме три причини поради кои тоа повеќе не би смееле да го правите.
1. Главоболка
Во РЕМ фазата на сонот температурата на телото се зголемува, а токму зголемувањето на температурата и влагата можат да предизвикат главоболка.
2. Габички
Вашите перници се преполни со бактерии бидејќи ја впиваат потта, мртвите клетки од вашата коса и маслото од телото. Мократа коса и влагата во комбинација со топлина се плодно тло за развој на габички.
3. Кршење на косата
Кога конечно ќе се фрлиме на креветот, после напорниот ден, тоа е одмор за нашата душа и тело, но и коса, која во такви услови уште повеќе се крши, особено кога е мокра, па немојте да правите уште поголемо зло.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Облици на идентитет“ – Изложба на ликовните уметнички Сузана Арсова и Емилија Дамјановиќ

Во вторник, 5 ноември 2024 година, во 20:00 часот, во КСП Центар Јадро, ќе биде …