Три хороскопски знаци на кои љубомората им е непознат поим

Љубомората може лесно да ја расипе секоја врска и многу често е причина за раскинување.
Но, астролозите тврдат дека е можно да се одбегне бидејќи има хороскопски знаци кои немаат склоности кон неа. Поради тоа, ако сакате врска без љубомора пронајдете партнер или партнерка во еден од овие три хороскопски знаци:

Овен
Љубомората е знак на несигурност, а Овните се многу самоуверени па такво нешто не им паѓа на памет. Покрај тоа, обично се зафатени сами со себе па за љубомора немаат време.


Стрелец
За Стрелците е чудно што воопшто сакаат да бидат во врска бидејќи во животот најмногу ја ценат слободата. Поради тоа, кога ќе се врзат за некого тоа значи дека таа личност им е премногу важна за да врската ја расипуваат со љубомора.

Водолија
Водолиите едноставно не ја поднесуваат љубомората и тоа им е сигурен знак за прекинување на врската. Токму затоа на своите партнери никогаш не им приредуваат љубоморни испади.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …