TikTok преплавен со нереални снимки од Њујорк: „Како да сме во апокалиптичен филм“

ЗАГАДУВАЊЕТО од шумските пожари кои беснеат низ Канада со недели зафати големи делови од Северна Америка, каде што се издадени предупредувања за високоризичен квалитет на воздухот за повеќе од 55 милиони луѓе. Чадот стигна до Њујорк и Конектикат, каде што квалитетот на воздухот беше класифициран како „нездрав“.
Голем број њујорчани објавуваат на TikTok како изгледа глетката од нивните домови во моментов. „Морав да ставам крпи под вратата бидејќи сè мириса на чад. Квалитетот на воздухот е ужасен, само чад насекаде“, напишала една Тиктокерка со видео од глетката од нејзиниот стан.

@mvndimarie Nyc air quality right now is insane! #nycairquality #wildfires #canadafires #smoke ♬ original sound – 𝐚𝐦𝐚𝐧𝐝𝐚 𝐦𝐚𝐫𝐢𝐞


Многумина објавуваат споредби на погледот на градот пред неколку дена со она што го гледаат сега. Видеата се прегледани милиони пати. „Ова е страшно“, „Исто е и со мене“, „Заклучен сум во мојот стан и сè ме потсетува на пандемијата“, „Се чувствувам како да сум во некој апокалиптичен филм“, пишуваат њујорчани во коментарите.

Погледнете како изгледа Њујорк во моментов.


@yuzujoy nah bc this is terrifying 🌆😷💨 #nyc #nycapartmentlife #dystopia #nycairquality #airqualityrn #nycinfluencer ♬ The Purge – Demetrius X

@thehorsespurse Orange skies today in NYC 🍊🔥 #wildfire #nycairquality #airquality #newyorkcity ♬ original sound – $


@kate_kozuch Who’s laughing now? #dysonzone #dysonzoneheadphone #wearableairpurifier #nyc #airquality #wildfire #nycairquality #airpurifier #techtok ♬ Creepy Scary Sound – Novia Nisa

ѓ

@marinaelsa #doublehomicide #nycairquality ♬ credit video pls – 🕶

Најлошата сезона на пожари
Во Канада, сезоната на шумски пожари е поактивна од вообичаеното. Федералните власти во понеделникот предупредија дека ова лето може да ги донесе најголемите рекордни шумски пожари во Канада со прогноза за суви и топли услови за поголемиот дел од сезоната. Пожарите низ земјата веќе изгореа повеќе од 3,3 милиони хектари, што е 12 пати повеќе од 10-годишниот просек за овој период од годината.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …