Театарската претстава „Торонто експрес“ утревечер на програмата на фестивалот „Видик“

Фестивалот за литература и општа култура продолжува со својата богата програма. Утревечер на 12 јуни 2024 година со почеток во 20:00 часот во книжарницата на „Литература.мк“во „Дајмонд мол“, ќе може да ја погледнете театарската комедија „Торонто експрес“.

Комедијата „Торонто експрес“ со Александар Микиќ во главната улога е работена според мотивите од книгата „Торонто експрес (Тибам штркот)“ на авторот Зоран Спасов-Ѕоф. Станува збор за документаристичка стрип-проза, „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада. Напишана на скопски сленг, книгата нуди една нова форма на модерно печалбарство, актуализирајќи го вековниот проблем на иселувањето.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет работи можат да ви го продолжат животот и да ве направат среќни

Прашањето за среќата е една од најголемите задачи на секој поединец денес Среќата ја бараме …