СЗО: Симптоми на омикрон поради кои морате итно да се јавите на лекар

Симптомите на вирусот на омикрон често се опишуваат како „благи“ и се споредуваат со обичната настинка. Сепак, Светската здравствена организација (СЗО) укажува на ситуации кои бараат итна медицинска помош.
Според веб-страницата на СЗО, сè уште важи дека луѓето со симптоми треба да останат изолирани најмалку 10. дена по првиот ден кога ги развиле симптомите, плус уште 3. дена по исчезнувањето на симптомите, кога ќе се ослободат од треска и респираторни проблеми. Дури и’ оние кои немаат симптоми треба да останат изолирани најмалку 10. дена по позитивниот тест.
Треба да се следи ситуацијата и веднаш да се консултира лекар доколку симптомите се влошат и има отежнато дишење, болка во градите, конфузија, губење на говорот или подвижноста.

This image has an empty alt attribute; its file name is korona-virus-test.jpg
„Некои симптоми може да бидат знаци дека е потребна итна медицинска помош. Во зависност од возраста на лицето, овие симптоми може да изгледаат поинаку. Возрасните може да изгледаат дехидрирано, да имаат отежнато дишење или болка во градите. Тие исто така може да се жалат на вртоглавица. Децата може одеднаш да изгледаат збунето или да одбиваат да јадат. Лицето или усните може да им станат синкави. Бебињата можеби не можат да цицаат. Овие симптоми се предупредувачки знаци дека е потребна итна нега“, соопшти СЗО.
Карактеристичните симптоми на омикрон вклучуваат гребење во грлото, течење на носот, кивање, блага мускулна болка и замор, а експертите се обиделе да одговорат на прашањето како да ги разликуваат од симптомите на настинка.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …