СЗО: Намалена смртноста од ковид за 20 проценти

Според податоците на Светската здравствена организација, глобалната смртност од ковид 19 е намалена за 20% во периодот од 15. до 21. февруари, во споредба со претходниот просек од една недела.
Трендот на опаѓање на смртноста трае шест недели по ред, според редовниот неделен извештај на СЗО, пренесува ТАС С.
Падот на инциденцата на коронавирусна инфекција е особено забележлив во Северна и Јужна Америка (19 проценти), Западен Пацифик (9 проценти) и Европа (7 проценти), а падот на смртноста е регистриран во Африка (20 проценти) и Југоисточна Азија (6 проценти).
Во последните седум дена, регистрирани се околу 1,06 милиони нови инфекции и повеќе од 34. илјади смртни случаи во Северна и Јужна Америка, а во Европа, повеќе од 939. илјади нови случаи на инфекција со коронавирус и над 24. илјади смртни случаи.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by World Health Organization (@who)


Бројот на новоинфицирани е зголемен во последната недела во САД и изнесува повеќе од 480. илјади, а на второ место е Бразил со повеќе од 316. илјади новоинфицирани.
Во изминатата недела, регистрирани се околу 131. илјади нови случаи во Франција, во Русија повеќе од 92. илјади, во Индија над 86. илјади и во Велика Британија повеќе од 78 .илјади, во Чешка околу 65. илјади и во Иран околу 55. илјади .


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …