Сузана Манчиќ на работ на солзи: „Ќерка ми ми кажа дека не сака да живее во ваков свет“

Популарната водителка едвај ги задржала солзите
Темата на емисијата „Ако прозборувам“ била грижата за децата и нивната заштита, а на оваа тема зборувала и водителката Сузана Манчиќ, која низ солзи раскажала потресен детал од воспитувањето на своите деца.
– Имаше многу секти во делот од градот каде што живеев. Еден мој пријател имаше многу лошо искуство. Децата на повидните луѓе секогаш биле поизложени на сите такви манипулации. Една вечер пред спиење почнав да им кажувам на децата: „Се случи ова, ова и ова. Грижете се, внимавајте. И сега ме бунат разговорите за тоа“. Очите на Теодора ми беа полни со солзи и ми рече: „Не сакам да живеам во таков свет – рекла водителката и додала:

– Многу е тенка границата помеѓу работите од кои сакаме да го заштитиме детето, за да ја знае опасноста и да живее нормално, а не да се плаши и да живее во страв. Тоа беше страшно искуство за мене. Си реков „Сузана, нема повеќе да зборуваш за тоа со деца на таа возраст“. Нема да ги трауматизираш своите деца – рекла видно вознемирената Сузана Манчиќ и на работ на солзи во емисијата „Ако прозборувам“.



Фото: Принтскрин/Youtube/K1

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …