СУРОВО! Јулија родила тројки, но наместо пофалби и честитки добила осуди!

После 22 дена во болницата, тие отишле дома здрави и среќни
Медицината напредна толку многу што веќе не е реткост или чудо кога ќе чуеме дека една жена во педесеттите, шеесеттите години, па дури и седумдесеттите родила дете.
Сепак, во земјите од поранешниот Советски Сојуз, овие работи сè уште се сметаат за контроверзни.
Јулија (51) од Русија родила тројки. Таа поминала 22. дена во болницата со бебињата, а потоа тие отишле дома здрави и среќни. Таа успеала да стане мајка за прв пат и сите во нејзиното место зборуваат за неа.
Луѓето им рекле дека можеби нема да живеат доволно долго за да ги одгледаат своите деца
Желбата за мајчинство се појавила во нејзината младост, но Јулија го пронајде својот духовен другар пред само девет години.


Сопругот Евгениј го запознала во 2011 година преку Интернет и тогаш сфатила дека не треба да се откажува од сонот за мајчинство.
Оваа брачна двојка живее со своите три бебиња во мал двособен стан, но тие не се жалат. Тие се убедени дека добро ќе ги воспитаат и едуцираат своите деца.
Сепак, приказната за реализирана жена и исполнет сон за мајчинство, овој пат наместо пофалби, предизвикала голем број осуди и грди коментари.
Започнувајќи со коментарот дека за две или три години тие ќе изгледаат како баби и дедовци кон сопствените деца, со тоа што нема да имаат сила да се борат со проблемите на растење, до тој степен што можеби нема да живеат доволно долго за да ги одгледаат своите деца. Ваквите коментари го расипале најсреќниот период во животот на Јулија и Евгениј.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Летаргија“ изложба на цртежи од Ангел Коруновски

Денес, во Домот на култура „Бранд Петрушев“ во Богданци, со почеток во 18:00 часот, ќе …