Со многу смеа и забава се одржа завршната претстава од проектот наречен „Хокус покус, рециклирањето е во фокус”

Во преполната сала на Македонската Филхармонија беше одржана и третата завршна претстава на проектот наречен „Хокус покус, рециклирањето е во фокус”, кој „Пакомак”, заедно со еко магионичарот Кристијан Шопов, го намени за децата од предучилишна и од училишна возраст. Станува збор за забавна магионичарска претстава во која преку хумор, смеа и интеракција децата учеа за важноста на селектирањето и за одржувањето чиста животна средина.


“Невозможното и мистериозното зачинето со хумор секогаш буди интересот кај публиката. Нема човек што не сака да се насмее и да види нешто интересно, необјасниво. Дополнително кога знаеш дека пренесуваш екопорака, која треба да ги мотивира децата да селектираат отпад и со тоа да создадат почист свет, задоволството е уште поголемо”, изјави еко магионичарот Кристијан Шопов, кој е истовремено и голем екологист, илузионист и хуманист.


Претставата во која децата се едуцираа, дека стаклото треба да го фрлат во зелениот контејнер, хартијата во синиот, а пластиката и лименките во жолтиот контејнер ја видоа и над 33.700 деца во Скопје од 52 училишта и уште 17.000 деца од 45 училишта од 7 градови од Македонија. Проектот го поддржаа Пивара Скопје и Холандската амбасада во Македонија, традиционалните партнери на Пакомак кога станува збор за екологија.
За истата претстава/проект Пакомак – Друштво за управување со пакување и отпад од пакување доби и национална награда за 2018 година за општествено одговорни практики од Министерство за економија на Република Македонија.


„Проектот се покажа извонредно успешен и претставува позитивно искуство за децата, наставниците, родителите и за нас како еко компанија со јасна еко-визија. Станува збор за интерактивен проект во кој децата се инволвираа, прашуваа прашања, се едуцираа на еден непосреден и забавен начин, што посебно им се допадна. Тоа за Пакомак е потврда за она што го прави, а тоа е влог во нашите деца и нивната иднина. Важно е децата да имаат високоразвиена еколошка свест за да живеат во иднина во почиста животна средина” – изјави Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …