(ВИДЕО) Сите детали за UNDERFEST 2019:Уште 20. дена да го обезбедите своето место во програмата!

Underfest е прогресивен мултимедијален фестивал кој ги обединува музиката и уметноста и нуди тридневно комплетно уживање во сите сегменти од урбаната култура.
Примарна цел на фестивалот е афирмирање на помалку познатите артисти, фестивал кој ги вреднува автентичноста и креативноста и го отвара јавниот простор за младите и неетаблирани музичари и уметници и со тоа продинесува за нивна афирмација и промоција.


Underfest ќе се одржи од 5. до 7. Април 2019. во просториите на Public Room во Скопје и на него ќе настапат преку 50 артисти а влезот за сите настани е бесплатен.
Пријавувањето за фестивалот трае до 31. декември оваа година, а своите пријави можете да ги испратите на: http://underfest.mk/

Сите детали околу фестивалот, техниката за пријавување, како и за значењето на UNDERFEST 2019 за македонската културно – музичка сцена ги донесе Бојан Трпески во емисијата „Урбан тгаг“ на ТВ21.


Извори:underfest.mk, TV21.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …