СО МНОГУ ПРОБЛЕМИ – „Макфест“ брои ситно до корона изданието!

Како последица од пандемијата на коронавирус, годинава „Макфест“ ќе се одржи во друг термин и на отворено…
Поточно фестивалот ќе се одржина 18. и 19. септември на плоштадот „Слобода“ во Штип.
Бидејќи фестивалот ќе се реализира под строги безбедносни и здравствени протоколи, согласно одлуките на Министерството за Здравство и македонската влада, од „Макфест“ информираа дека годинава, ќе биде лимитиран бројот на акредитации за редакциите како и влезниците за фестивалските вечери.
Уште не започнат „Макфест“ наиде на отпор кај седмата сила бидејќи новинарите ќе бидат лимитирани во нивната работа и нема да имаат директен контакт со изведувачите туку преку лице од организацијата…
Во период кога фестивалот се соочува со избор на уметнички директор сега „отворија војна“ и со медиумите, што веројатно не им била потребна со оглед на повеќегодишните искри кои од година во година се засилуваа.
Како и да е, на годинешното макфестовско издание ќе ги слушнеме овие изведувачи и автори,со диртектен пренос на МРТ, а списокот ветува добра забава…



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Калиопи со концерти во Скопје и Битола

Македонска поп-рок ѕвезда Калиопи, ќе одржи ексклузивни концерти во Скопје, на 19 октомври, во „Арена …