Словенечкиот народен театар поставува претстава според расказите на Румена Бужаровска

Словенечкиот народен театар – Драма Љубљана подготвува претстава според збирките раскази на Румена Бужаровска „Мојот маж“ и „Не одам никаде“. Режијата е на реномираната режисерка и писателка Ивана Ѓилас, која заедно со Ана Душа работи на драматизацијата.

Интересно да се напомене дека освен композиторот, целокупната актерска и техничка екипа која ја работи претставата ја сочинуваат жени“, соопшти Театарот.


Во претставата ќе играат: Ива Бабич, Силва Чушин, Маша Дерганц, Петра Говц, Сабина Коговшек, Маша Кагао Кнез, Саша Михелчич, Маруша Мајер, Саша Павчек и Барбара Жефран.

Премиерата е планирана за октомври.


Румена Бужаровска (1981, Скопје) е една од најчитаните автори во регионот. Нејзината книга „Мојот маж“ има продадено тираж од 10.000 примероци само во Србија. На македонски јазик, „Мојот маж“ досега имаше шест изданија. По истоимената збирка раскази во февруари Драмскиот театар во Скопје постави претстава во режија на Нела Витошевиќ.
(фото: Филмски фестивал Мотовун, Фејсбук)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА НА ЧЕТВРТИОТ СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ

Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 29 мај до 1 јуни …