Скорпиите се „опасници“, Терезиите убавици, а овој знак е „две во едно“!

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Таа е родена да биде на чело, неустрашива е и токму затоа е и прв знак во хороскопот.
Станува збор за жените Овни.
Таа е вечен и непоколеблив оптимист, па полето на нејзиното интересирање е често борба
за права на другите како и борба за подобра иднина. Знае да биде многу заиграна и голема авантуристка која секогаш гледа напред, а ретко во минатото. Како и сите, има мани, а нејзините најчести се егоцентричност, преголема тврдоглавост и љубомора.
Во љубовта е многу страствена и сака да ја преземе иницијативата и да биде таа која ќе
ја заведе другата страна, а исто така сака да биде по нејзино па инаетењето и расправиите ги доживува како предигра на сексот. На мажите им е магнет бидејќи ја доживуваат како многу интензивна и интригантна, а освојувањето на жената Овен е често предизвик. Кога е вљубена се чувствува најжива и се во нејзиниот живот тогаш станува екстремно. Во врска не сака да се чувствува потчинета, но повременото покажување љубомора и посесивност и ласкаат бидејќи за жената Овен тоа значи дека партнерот знае колку таа вреди.
Пријателствата со жената Овен се многу интензивни и тие секогаш имаат пријатели за цел живот. На пријателите некогаш им е тешко да ја разберат нејзината независност па тоа е често причина за љубомора на другите кон неа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …