(ФОТО) Македонските девојчиња од „Арт балет“ од Европско првенство во Москва се вратија со 3 златни медали!

Македонска химна за трофејните девојчиња од „Арт Балет“…
Балетското Студио АРТ БАЛЕТ од Скопје под раководство на балерината Тамара Ѓурчиновска, заедно со деца претставници од Арт Балет: Антонија Атанасова, Зорица Тасевска и Нина Димитриоска, од 15. до 1.7 март 2019 година беше претставник на Македонија на Европското Првенство по Танц во Москва, Русија во организација и лиценцирано од Светската Артистичка Танцова Федерација.


Арт Балет извојува голема победа на Светското Првенство и се закити со 3. први места -златни медали, едно 2. ро место- сребро и едно 3. то место- бронза во класичен балет, модерен балет, џез балет и акробатика.За нивната победа на ова првенство се свиреше Македонската Химна и беше објавено и македонското знаме.


Македонија за прв пат имаше свој претставник „Арт Балет“ на овој Европски Шампионат во Москва, Русија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …