Винчини со Алми ве повикуваат да ги посетите жирафите во Зоолошката Градина

Винчини со својот подбренд Алми кој е омилен меѓу најмалите, започна акција за популаризација на дружењето на децата со животните во Зоолошката Градина во Скопје, едно од најпопуларните места за разонода на најмалите во градот, особено во пролетниот период. Живеалиштето на Жирафите визуелно е збогатено, со помош на Винчини, кој овозможи за посетителите дополнителни информации поврзани со ова омилено животно да децата.


Зоолошката Градина во Скопје е омилено место за најмалите и нивните родители кои тука доаѓаат да уживаат, да се забавуваат а воедно и да се запознаваат и едуцираат за светот околу нив.


А секоја сабота е ден за забава! Па затоа Винчини ве повикува во Зоолошката Градина со вашите најмали, каде тие ќе можат да се дружат со драгата маскота Алми и животинчињата, да се фотографираат и подароци и награди да збираат!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …