SKOPJE CALLING – НАЈГОЛЕМОТО ЕЛЕКТРОНСКО ЛУДИЛО ВО СКОПЈЕ ОВА ЛЕТО!

SKOPJE CALLING IS BACK- VINI VICI, MAHMUT ORHAN, KIRIL DJAIKOVSKI, MAURICE WEST И CYRILLIC ЗА НАЈГОЛЕМОТО ЕЛЕКТРОНСКО ЛУДИЛО ВО СКОПЈЕ ОВА ЛЕТО!
05.06.2020 – АРМ СТАДИОН


Авалон продукција најави дека SKOPJE CALLING оваа година се враќа во старата омилена електронска форма, во вид на еднодневен фестивал на старата, сега веќе легендарна локација АРМ стадион- 05-ти јуни 2020 година (петок), со line up приспособен за сите генерации и сетила на љубителите на електронската музика!


Фестивалот ќе го отворат навистина се` подобрите Cyrillic, после нив доаѓа диџејот познат кај нас по добрата забава во Охрид, Maurice West.


Потоа е на ред еден од најактуелните светски хит мејкери Mahmut Orhan кој доаѓа за прв пат во Македонија на голема сцена, како што му прилега на еден толку квалитетен диџеј.


Како ултимативни хедлајнери на вечерта се VINI VICI, големите ѕвезди на џиновските светски електронски фестивали.

За шоуата на Vini Vici навистина не треба да се трошат зборови- тоа е нешто што мора да се доживее.

За да биде line up-от совршен, како late night closing set ја имаме нашата жива, во секој смисол на зборот легенда, Кирил Џајковски во живо.

Кога се во прашање бината, звукот, светлото и пиротехниката, се разбира дека тие ќе бидат на ниво најголемите светски фестивали.

Заради што поголема масовност и рушење на рекорди по посетеност на настани во главниот град, се одлучивме за цена на влезници која е апсолутно достапна на сите за ваков сериозен спектакл, и тоа:

ПАРТЕР – 1000 денари
ФАН ПИТ – 1500 денари
ВИП – 2000 денари

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 11. март (среда) во 09 часот наутро, во Avalon music & ticket store, продажната мрежа на Авалон низ земјава и оналјн на avalon.mk.

Забавата во Република Македонија може да почне!

Засекогаш Ваша,Авалон Продукција

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …