SKOPJE CALLING 2018: Доаѓаат „TEXAS“ – со сите нивни хитови!

„Авалон“ со големо задоволство најавува дека после долги години обидување, конечно една од најголемите британски поп рок атракции на сите времиња TEXAS за прв пат доаѓа на Балканот!
Тие ќе бидат хедлајнери во сабота на 23. јуни, на вториот фестивалски викенд на SKOPJE CALLING 2018 година.
TEXAS до 2018. година имаат продадено албуми во 40. милионски тираж, потоа, неверојатни 13. синглови кои се најдоа во престижната UK топ 10. листа, 3. албуми кои се најдоа на врвот на UK листата и 8. албуми на UK top 10., вклучувајќи го и последниот студиски албум „Jump On Board” кој е издаден во мај 2017 година.
Се разбира дека пејачката Sharleen Spiteri ги носи во Скопје сите свои хитови: „Say What You Want”, „Inner Smile”, „I Don`t Want A Lover”, „Summer Sun”, „In Demand” и уште многу други хитови и очекуват навистина едно извонредно шоу за сите генерации.
Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 06.ти март, во 21 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …