Откако венчавката мина во длабока тајност, пејачката Аделина Тахири реши радосната вест дека е бремена да ја објави на нејзиниот Инстаграм профил…
Пејачката Аделина Тахири и нејзиниот сопруг Серјожа Марков, познат адвокат од Скопје, ќе станат родители. Аделина е бремена 14. недели, а носи момче.
Аделина и Серјожа се венчаа кон крајот на минатата година, кога склучија граѓански брак. Тогаш, наместо во бела венчаница, Аделина беше облечена во впечатлив црвен комбинезон.
Откако дознаа дека ќе станат родители, Аделина и Серјожа решија да ја откажат свадбата што беше закажана на почетокот на април. Наместо тоа да направат голема забава за бебето, вистински baby-shower.