Сите загрижени за здравјето на кралицата Елизабета: Принцот Вилијам, Чарлс и Камила се упатиле кон нејзината резиденција – пристигнуваат и принцот Хари и Меган

Кралицата Елизабета не е во добра состојба
Принцот Чарлс, Камила и принцот Вилијам отпатувале во Балморал за да бидат со кралицата Елизабета, која е под медицински надзор откако лекарите се загрижиле за нејзиното здравје, а утринава и националниот сервис ја прекинал програмата во живо за да соопшти за лошата здравствена состојба на Елизабета Втора.
Портпаролот на Бакингемската палата рекол дека кралицата била советувана да остане под медицински надзор:
– По дополнителниот преглед утринава, лекарите на кралицата се загрижени за здравјето на нејзиното височество и препорачаа таа да остане под медицински надзор – изјавил портпаролот, пренесуваат британските медиуми.

This image has an empty alt attribute; its file name is princ-vilijam-i-carls-683x1024.jpg
После тоа, Кенсингтонската палата потврдила дека двајцата престолонаследници се на пат кон резиденцијата на кралицата.
Принцот Чарлс и Камила веќе отпатувале во Балморал, а наскоро ќе им се придружи и принцот Вилијам.


This image has an empty alt attribute; its file name is hari-i-megan-1-923x1024.jpg
Принцот Хари и Меган Маркл исто така отпатувале во Шкотска за да бидат со кралицата Елизабета.
Принцот Хари и Меган Маркл, кои пред два дена беа во Британија, а потоа отпатуваа за Германија, се враќаат да бидат со кралицата и остатокот од семејството поради големата грижа за нејзиното здравје, јавуваат британските медиуми.
Веста за нивното враќање во Британија ја потврди и портпаролот на двојката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …