Истражувањата покажуваат: Зошто жените лудуваат по мажи кои се помалку привлечни?

Мажите со просечен изглед стануваат поатрактивни ако се имагинативни, креативни. Меѓутоа, кај жените ситуацијата е нешто поинаква, како што покажало истражувањето.
„Се чини дека креативните жени со помалку привлечно лице се некако казнети од општеството“, вели Кристофер Воткинс, психолог од Универзитетот Абертај во Шкотска, кој го предводел тимот што го спровело истражувањето.
Воткинс и неговите колеги покажале на група волонтери фотографии од мажи и жени и побарале од нив да ги оценат исклучиво според изгледот. Тие потоа ги покажале истите фотографии на друга група волонтери, но со барање да оценат дали луѓето на нив се креативни.
Резултатите, по низа интересни експерименти, покажале дека помалку привлечните мажи се далеку попопуларни доколку се утврди дека се поимагинативни.
„Креативните момци со помалку привлечно лице беа речиси идентични по привлечност со мажите кои изгледаа подобро, но не беа толку имагинативни“, објаснил Воткинс.
Најдобро рангирани биле оние мажи за кои било оценето дека ги имаат и двете – и физичката убавина и силната креативност.
Меѓутоа, истражувањето на жените покажало дека имагинацијата не само што не ја зголемува привлечноста на помалку физички привлечните жени, туку всушност ја намалува.

Зошто жените сакаат креативни мажи?
Воткинс смета дека тоа произлегува од еволутивната биологија, односно скриените критериуми кои нè тераат да го бараме најдобриот партнер за да обезбедиме здраво потомство и нивниот опстанок.


„Жените во просек се поселективен пол кога станува збор за изборот на романтични партнери“, истакнува Воткинс.

„Креативноста се смета за сигнал дека поединецот може да вложи време и труд во одредена задача и да ги гледа работите на нов начин, што може да биде корисно за опстанокот“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …